Линкови за пристапност

Клучната каматна стапка во САД останува непроменета


Федералните резерви на САД одлучија да не ја покачат клучна каматна стапка во државата и ветија дека ќе бидат „трпеливи“ во однос на идните зголемувања.

Властите одлучија каматната стапка да остане на исто ниво и покрај економските притисоци и благата инфлација и соопштија дека нема да го забават издавањето на владини обврзници ако тоа е потребно за поддршка на економијата.

Краткорочна стапка ќе остане во опсегот од 2,25 до 2,5 проценти. Висината на клучната каматна стапка минатата година беше промената четири пати.

Инвеститорите ја поздравија одлуката. Индустрискиот индекс Дау џонс на вчерашното тргување се качи за повеќе од 400 поени.

Федерални резерви се обидуваат да направат подетална проценка на состојбата на економијата. Клучните економски податоци од неколку владини агенции кои не беа достапни поради владиното затворање.

Економското влијание од делумното затворање на Владата беше меѓу темите на кои се осврна претседавачот на Федералните резерви, Џером Пауел. Освен владиното затворање, забавениот глобален раст, тензиите меѓу САД и Кина во врска со трговијата и излегувањето на Велика Британија од Европската унија се меѓу главните закани за растот на најголемата светска економија, и можат да влијаат на идните одлуките на Федералните резерви.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG