Линкови за пристапност

Кина предничи во тековните истраги на ФБИ


Директорот Кристофер Реј на сведочење во Сенатот Пекинг го нарече контраразузнавачка закана број еден

ФБИ води повеќе од илјада истраги за кражба на американска интелектуална сопственост, во сите 50 сојузни држави. Речиси сите траги водат кон Пекинг, изјави директорот на ФБИ, Кристофер Реј, наведувајќи ја Кина како број еден контраразузнавачка закана за САД.

Сведочејќи пред Комисијата за правосудство на Сенатот, Реј ја опиша заканата како „подлабока, поразновидна, повознемирувачка, со поголем предизвик, посеопфатна и позагрижувачка отколку каква и да е контраразузнавачка закана која можам да ја замислам“.

Кинеската закана се движи од кибернетски упади до корумпирање на вработените во малите и големите американски компании, кажа Реј, упатувајќи на серијата случаи на кинеска економска шпионажа кои биле истражени од страна на ФБИ. Тој додаде дека американските академски кругови се особено ранливи.

„Тие во нивниот пристап ги користат сите расположиви алатки“ кажа Реј, додавајќи дека „тоа бара од нас исто така да ги користиме сите расположиви алатки.“

Запрашан за претстојните претседателски избори во САД закажани за 2020-та година, Реј ги повтори коментарите дека Москва има намера да се меша, нарекувајќи ја Русија како контраразузнавачка закана број два за САД.

Сведочењето на Реј е на еден ден пред поранешниот специјален советник Роберт Мулер да се појави пред двата панели на Претставничкиот дом за да сведочи за неговата истрага за вмешаноста на Русија во изборите во 2016-та година.

Реј одби директно да одговори на прашањето во врска со истрагата за Русија, но потврди дека ФБИ соработува со генералниот инспектор во Одделот за правда во врска со надзорот кој го спроведувал ФБИ на изборите во 2016-та година, мерка која била судски одобрена.

Во април, јавниот правобранител Вилијам Бар го извести Конгресот дека „имало шпионажа“ на кампањата на Трамп за време на изборите во 2016-та година. Бар подоцна побара федерален обвинител да испита како започнала истрагата за руското мешање во изборите.

Меѓутоа, Реј претходно пред законодавците кажа дека тој на судски овластениот надзор не гледа како шпионирање и дека не верува дека ФБИ било инволвирано во нелегално шпионирање на кампањата Трамп.

Реј кој ја презеде раководната функција во ФБИ во 2017-та година, откако претседателот Доналд Трамп го отпушти Џејмс Коми кажа дека во текот на изминативе две години тој буквално го променил целото раководство во Агенцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG