Бројот на инциденти поврзани со злосторства од омраза, пријавени во САД, минатата година се зголеми за 17 отсто, што претставува најголем раст од 2001 година, кога терористичките напади на 11 септември поттикнаа пораст на нападите врз Американци од муслиманско и арапско потекло.
Агенциите за спроведување на законот во САД објавија дека во 2017 година се регистрирани вкупно 7.175 злосторства од омраза, што е скок од 6.121 во 2016 година. Ова е трет последователен годишен пораст, објави ФБИ во вторникот во својот годишен извештај за кривични дела извршени од омраза.
Околу 5.000 инциденти спаѓаат во категоријата напад и заплашување.
Извештајот покажа удвојување на бројот на антиарапските злосторства од омраза и двоцифрено зголемување на бројот на антисемитски инциденти.
Неодамна назначениот главен јавен обвинител Мет Витакер рече дека извештајот е „повик за акција“ и вети дека тој повик ќе биде послушан.
Facebook Forum