Линкови за пристапност

Арканзас ја изведе првата од серијата планирани егзекуции


51-годишен притвореник беше обвинет и осуден на смртна казна заради извршено убиство во 1993-та година

Сојузната држава Арканзас изведе прва егзекуција на затвореник во последниве 12 години.

51-годишниот Лидл Ли беше погубен во четвртокот навечер, откако Врховниот суд ги одби барањата за прекинување на постапката.

Ли беше обвинет и осуден на смртна казна, откако во 1993-та до смрт претепал жена.

Неговата адвокатка во соопштение кажа дека со нејзиниот клиент се` што бараат е сослушување по тврдењето на Ли дека модерно тестирање на ДНК, може да го докаже дека тој е невин.

При егзекуцијата биле употребени три смртоносни инјекции, вклучувајќи го и седативот мидазолам. Залихите на овој лек во Арканзас ќе завршат на крајот на месецот. Од тие причини, оваа сојузна држава за наредниве 11 дена закажа уште осум егзекуции.

Заради поднесените жалби, неколку погубувања претходно беа одложувани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG