Американскиот претседател Барак Обама ќе се сретне со лидерите на САД, Франција, Велика Британија, Германија и Италија следната недела на неформален состанок на кој се очекува да се покријат теми како Сирија, Либија и миграција.
Обама ќе присувствува на разговорите во понеделник со францускиот претседател Франсоа Холанде, германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон и италијанскиот премиер Матео Рензи во Хановер, Германија.
Британски и француски официјални лица изјавија дека нема поставена агенда, но разговорите може да вклучат мигрантска криза, Исламската држава, нестабилноста во Северна Африка и состојбите во Сирија и Украина.
Во соопштението од Белата куќа се додава дека „ќе се разговара за дополнителни чекори што НАТО треба да ги превземе за решавање на предизвиците на источната и јужната периферија на Европа, како и заедничките напори за унапредување на преговорите на Трансатлантска трговија и инвестициско партнерство“.
По средбата следува посета на Обама и Меркел на саемот за индустриска технологија. Обама пристигнува во Германија по посетите на Саудиска Арабија и Велика Британија.