Линкови за пристапност

Европа воведе царини за американски производи


Одлуката е одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум

Европската унија воведе царини за американски производи вредни милијарди долари, вклучувајќи фармерки, виски и мотоцикли.

Потегот е реакција на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, за царини за увоз на челик и алуминиум од целиот свет.

САД за две недели треба да започнат да ја спроведуваат одлуката за царинење на кинески производи вредни 30 милијарди долари.

Кина вети контра-мерки, потег што може да ги стави двете најголеми светски економии во незавидна состојба.

Потпретседателот на Стопанската комора на САД, Џон Марфи, проценува дека до крајот на јули, американски производи вредни околу 75 милијарди долари, можат да бидат предмет на нови царини.

За време на кампањата, Трамп вети дека ќе воведе царини, затоа што, како што кажа, држави од целиот свет ги искористуваат САД.

Пред да биде објавена одлуката за царините, вредноста на акциите на европските берзи благо порасна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG