Линкови за пристапност

СТО: САД можат да наметнат царини од 7,5 милијарди американски долари за стоки од ЕУ


Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека одлуката на Светската трговска организација, со која се дозволуваат американски царини за стоките на Европската унија како одговор на субвенциите за производителот на авиони „Ербас“ е „убава победа“.

„САД добија награда од 7,5 милијарди американски долари од Светската трговска организација против Европската унија, која долги години во трговијата ги третираше САД многу лошо со царини, трговски бариери и многу повеќе“, напиша Трамп во порака на Твитер.

Одлуката објавена во средата одобрува САД да воведат царини за стоки од ЕУ во вредност од 7,5 милијарди американски долари, кои треба да стапат на сила на 18-ти октомври.

„Европа со години обезбедува големи субвенции за „Ербас“ кои сериозно ѝ наштетија на американската воздушна вселенска индустрија и нашите работници“, рече американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер. „Конечно Светската трговска организација потврди дека САД имаат право да воведат контрамерки како одговор на нелегалните субвенции на ЕУ“.

СТО исто така утврди дека САД обезбедуваат нелегални субвенции за американскиот производител на авиони „Боинг“ со седиште во САД. Одлука за тоа какви царини може да наметне Европската унија за американските производи се очекува следната година.

Одлуката од средата е конечна и не може да биде обжалена. Но, ЕУ издаде соопштение од Брисел, во кое се вели: „Ако САД одлучи да воведе, од Светската трговска организација овластени, контра-мерки, таа ќе ја натера ЕУ во ситуација во која нема да имаме друга опција освен да го сториме истото“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG