САД и Европската Унија најавија дека почнуваат разговори за да се адресира надминувањето на глобалниот капацитет на челик и алуминиум, како и дека ги суспендираат царините за нивните производи додека се одвиваат преговорите.
Тие изјавија дека договорот има дава можност да најдат заеднички решенија за овој спор до крајот на годината.
Овој проблем почна во 2018 година, кога поранешниот претседател Доналд Трамп воведе царини на челикот и алуминиумот од ЕУ, велејќи дека увозот претставува закана по националната безбедност на САД.
Европа возврати со воведување царини за моторите произведени во САД, путерот од кикирики, фармерки и други производи.
Во денешната заедничка изјава, официјалните лица на САД и ЕУ изјавија дека нивните разговори ќе се фокусираат на проблемите на пазарот предизвикани од надминување на капацитетот, односно компаниите произведуваат помалку од нивниот капацитет, со цел да манипулираат со цената и побарувачката.
Двете страни ја повторија заложбата дека се „сојузници и партнери, делејќи заеднички интереси како демократски и пазарни економии, можат да промовираат високи стандарди, и да бараат одговорност од државите како Кина, кои поддржуваат погрешни трговски политики“.
Претседателот на САД Џо Бајден ќе се сретне со европските лидери следниот месец, со цел да разговараат за подобрување на врските по администрацијата на Трамп.
Facebook Forum