Линкови за пристапност

Европа и САД се соочуваат со недостиг на облека и електронски производи оти пандемијата ги затвори фабриките


Купувачите во Британија, на пример, се соочуваат со празни полици, а особено недостигаат овошје и зеленчук

Развиените држави од САД до Германија се соочуваат со недостиг на енергетски ресурси, како и да ја задоволат побарувачката на добра.

Синџирот на снабдување е отежнат поради пандемијата на коронавирус. Фабриките не можат да ја задоволат побарувачката на граѓаните кои трошат многу повеќе од нормалното, како последица на колективно вбризгување 10 трилиони долари на владите во нивните економии, велат бизнис аналитичарите.

Купувачите во Британија, на пример, се соочуваат со празни полици, а особено недостигаат овошје и зеленчук. Проблемите со снабдување со добра во Британија се интензивираа по излегувањето на државата од Европската Унија, нејзиниот главен трговски партнер.

Но, европските партнери, како и САД, исто така регистрираат недостиг на облека и електронски производи. Производителите велат дека имаат проблеми со обезбедување микрочипови како последица на затворање на фабриките во Азија.

Некои економисти и трговски аналитичари стравуваат дека развиениот свет можеби влегува во нова ера на недостиг делумно поради климатските активности, кои ќе бидат скапи и ќе го забават економскиот раст, како и поради зголемениот тренд на економски протекционизам.

И додека некои се сомневаат оти намалувањето на јаглеродот во економиите е суштинско за да се избегне егзистенцијална климатска катастрофа, зголемувањето на царините, квотите и владините регулации насочени кон рестрикција на увозот, се загрижувачки за економистите и поддржувачите на слободниот пазар.

Тие велат дека оддалечувањето од глобализацијата и слободната трговија ќе го забави економскиот раст, ќе доведе до намалување на продуктивноста и ќе го направи светот посиромашен.

САД не се сами во избегнување на слободни трговски договори и фокусирање на домашните производствени капацитети.

Независно од дебатата за придобивките или недостатоците на глобализацијата, економскиот протекционизам се зголемува во последниве години.

Податоците собрани од Центарот за истражување на економската политика со седиште во Лондон сугерираат дека повеќе од 50 проценти од извозот од земјите на Г-20 подлежат на трговски мерки, наспроти 20 отсто во 2009 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG