Линкови за пристапност

Амбасадорот на САД во ЕУ денес требаше да сведочи пред Претставничкиот дом


Администрацијата на Трамп наредила тој да не се појави на сослушувањето

Амбасадорот на САД во Европската Унија Гордон Сандланд, денес требаше да сведочи пред три комитети на Претставничкиот дом, со цел да се добијат повеќе информации за врските меѓу претседателот Доналд Трамп и украински официјални лица.

Администрацијата на Трамп наредила тој да не се појави на сослушувањето.

Сведочењето, кое треба да се одвива зад затворени врати, е дел од тековната истрага за импичмент на претседателот, која Трамп вчера повторно ја оцени како замка од страна на демократите кои не сакаат тој да победи на изборите следната година.

Сандланд стана важна фигура во истрагата поради неговите напори да ја убеди Украина да отвори истрага за потенцијалниот претседателски ривал на Трамп, поранешниот потпретседател Џо Бајден и неговиот син Хантер.

Свиркачот во објавената жалба рече дека ден по разговорот на Трамп со украинскиот претседател Володомир Зеленски, Сандланд и тогашниот американски преставник во Украина Курт Вокер се сретнале со украинскиот лидер и други политички фигури.

Според свиркачот, Вокер и Сандланд наводно го советувале украинското лидерство за тоа како да се справи со барањата на Трамп до Зеленски.

На прашањето дали се плаши од можниот нов свиркач, Трамп вчера рече:

„Воопшто не“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG