Утре се одбележува Денот за еднакви плати меѓу мажите и жените, со кој се нагласува разликата во заработувачката меѓу двата пола. Само пред неколку дена, пак, Претставничкиот дом донесе најнова верзија на закон, со кој се обезбедува заштита против дискриминација во платите врз основа на полот.
Одбележувањето на овој ден има цел да покаже родова нееднаквост, истакнувајќи дека и мажите и жените почнуваат да работат на први јануари, а до крајот на декември мажите ќе бидат платени онолку колку што жените ќе успеат да заработат дури до април следната година.
Според најновите податоци на Бирото за статистика, просечната заработувачка на жените кои работат полно работно време изнесува околу 80 проценти од заработувачката на мажите.
Жените најмногу се дискриминирани во индустриите, како безбедност и финансиска продажба, финансиски менаџмент и малопродажбата, додека заработувачката е најмногу изедначена кај работниците кои подготвуваат храна, како и за писатели, автори, фармацевти, советници и социјални работници.
Во 1963 година беше донесен закон за заштита од дискриминација во заработувачката врз основа на пол, и иако оваа разлика се намалува, во пракса се` уште остануваат дискриминирачките политики.
Facebook Forum