Линкови за пристапност

Прераспореден управникот на затворот во кој се самоуби Епстајн


Федералните обвинители и ФБИ соопштија дека истрагата ќе продолжи и покрај тоа што Епстајн е мртов

Главниот правобранител на САД Вилијам Бар го прераспореди управникот на федералниот затвор каде што неодамна се самоуби финансиерот Џефри Епстајн.

66-годишниот Епстајн се соочуваше со судење за федерални обвиненија поради сексуална злоупотреба и подведување на малолетнички,некои помлади и од 14 години.

Епстајн беше пронајден мртов во саботата. Наводно извршил самоубиство со бесење со постелнина во својата ќелија, каде го чекал судењето.

Стражарите требало да го проверуваат Епстајн на секој половина час. Но, според извештаите на првичната истрага процедурите не биле следени и неколку часа никој не го проверил Епстајн.

За Епстајн се вели дека имал долг список на богати и моќни пријатели низ годините, меѓу кои и претседателот Доналд Трамп, поранешниот претседател Бил Клинтон и британскиот принц Ендрју. Никој од нив не е обвинет за каква било криминална активност.

Федералните обвинители и ФБИ соопштија дека истрагата ќе продолжи и покрај тоа што Епстајн е мртов.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG