Линкови за пристапност

Трамп планира проширување на нафтеното дупчење


Администрацијата на претседателот Доналд Трамп обелодени дека презема чекори за проширување на нафтеното дупчење близу американското крајбрежје.

Во говор во Одделот за енергетика, Трамп истакна дека „во тек е златна ера на Америка“.

„Денес сме овде за да влеземе во новата американска енергетска политика, која отвара милиони работни места и трилиони долари во вредност“, подвлече лидерот на САД.

Ова е една од шесте иницијативи на актуелната влада, а чија цел е генерирање поголем извоз на енергија и работни места.

„Администрацијата штотуку ја одобри изградбата на нов нафтовод до Мексико, што дополнително ќе го засили американскиот извоз на енергија“, додаде Трамп.

Додека владата ја прославува „енергетската недела“, Трамп кажа дека се потребни дополнителни чекори за „ослободување“ на домашните резерви и отстранување на владините регулативи што би можеле да претставуваат пречка САД да имаат глобална енергетска доминација.

Одделот за внатрешни работи прави измени во 5-годишниот план за дупчење воспоставен од поранешниот претседател Барак Обама, со кој се забранува пребарување на нафта на Арктикот и Атлантскиот Океан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG