За време на посетата на јужната граница, претседателот на САД Доналд Трамп уште еднаш најави дека можеби ќе прогласи вонредна состојба за да не мора да чека конгресно одобрување за изградба на ѕидот со Мексико, кое веќе 20 дена ја држи Владата затворена.
Но, што ќе значи прогласување на вонредна сотојба?
- Што предвидува Законот за вонредни ситуации?
Тој беше донесен поради потребата да се утврдат неограничените вонредни состојби во сојузните држави, како и да се формализира моќта на Конгресот. Законот беше донесен во 1976-та година за да обезбеди проверка и баланс на моќта на претседателот. Двата дома на Конгресот мора да глсаат за утврдување дали вонредната состојба треба да биде прекината.
- Дали Трамп може да ја користи моќта за прогласување вонредна ситуација за изградба на ѕид?
Да. Како претседател тој има право да прогласи вонредна состојба. Но, тој нема пошироки права, кои обично се однесуваат на декларацијата за итност.
- Дали навистина е итна ситуација?
Трамп го прогласи доаѓањето на мигранти на јужната граница хуманитарна и итна ситуација. „Имаме криминалци кои доаѓаат“, рече тој. Администрацијата, исто така, зборува за терористи кои поминуваат од Мексико во САД. Но, критичарите реагираат оти нема докази дека мигрантите кои поминуваат се поврзани со тврдењата на администрацијата.
- Од каде ќе се обезбедат парите?
Финансирањето на ѕидот може да се покаже комплицирано. Еден начин да се обезбедат парите е да се искористи Законот за воена вонредна состојба, што му дозволува на секретарот за одбрана да дозволи проекти, без одобрување од Конгресот. Потенцијален извор може да бидат и проектите одобрени со Законот за намалување на штетите во Порторико, Тексас, Калифорнија и во Флорида, јавуваат медиумите.
- Што може да направи Конгресот?
Конгресот може да ја отповика декларацијата со одобрување од двата дома, но, тоа може да биде тешко со републиканското мнозинство во Сенатот. Декларацијата, исто така, може да доведе до судски предизвици.
- Дали ова било случај претходно?
Да. САД имале бројни вонредни состојби од 1979-та година. Претседателот Џими Картер прогласи вонредна состојба по нападот на Американската амбасада во Техеран. Претседателот Бил Клинтон прогласи вонредна состојба во 1996-та година, откако Кубанската армија собори два цивилни авиона на кубанското крајбрежје, а ваква декларација донесе и претседателот Џорџ Буш помладиот по терористичкиот напад на 11-ти септември 2001-та година. Сега остануваат во сила 28 вонредни ситуации, од кои повеќето му даваат моќ на претседателот да воведе економски санкции за надворешна политика.
Facebook Forum