Линкови за пристапност

„Предизвиците за жените во 2013-та година“


Гостинката на настанот во Универзитетот Свети Климент Охридски во Битола, Анџела Агелер од Амбасадата на САД во Македонија, го акцентираше домашното насилство како проблем насекаде во светот.

Жените во современото општество имаат многу можности, но и многу предизвици. Преку животот и кариерата на најпознатите жени во светската политика, на Универзитетот Свети Климент Охридски во Битола се дебатираше за улогата на жените во Македонија во 2013-та година.

,,Eден од предизвиците со кои се соочуваат жените во Америка, но и секаде во светот, е домашното насилство за кое треба отворено да се зборува и да се зголеми свеста за тоа прашање. Во Македонија среќавам млади луѓе и сметам дека токму тие се оние кои можат да ги променат работите“, рече Анџела Агелер, шефицата за односи со јавност во Амбасадата на САД во Македонија.

Според првиот човек на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, Виолета Пановска Бошкоска, целта на академското предавање за „Предизвиците за жените во 2013-та година“ е на локално ниво да се пренесат странски искуства.

,,Да се види како се развивало учеството не жените во политиката во светот, посебно во САД, а исто така и како се развивал тој процес на зголемување на учеството на жените во владините институции“, вели деканката Пановска Бошкоска.
XS
SM
MD
LG