Линкови за пристапност

Утврдувања со причина


Американскиот конзулат во Бенгази, Либија, по нападот на 11-ти септември во кој загинаа амбасадорот Кристофер Стивенс и тројца други членови на персоналот.
Американскиот конзулат во Бенгази, Либија, по нападот на 11-ти септември во кој загинаа амбасадорот Кристофер Стивенс и тројца други членови на персоналот.

Американските амбасади меѓу нужноста од обезбедување и непреченото вршење на работата.

Државната секретарка Хилари Клинтон најави дека ќе ја зајакне безбедноста на американските дипломатски претставништва откако работната група што таа ја основа, Одборот за испитување на одговорноста, а која го истражуваше убиството на амбасадорот во Либија, Кристофер Стивенс на 11-ти септември, утврди „систематски пропусти“.

Потпретседателот на Одборот, адмиралот Мајк Малин, претставувајќи ги наодите на 18-ти декември, кажа дека телото утврдило дека „безбедносната поставеност во Бенгази била неадекватна на заканата, всушност крајно неадекватна“.

Клинтон ги прифати сите 29 препораки на Одборот. Сенаторот Џон Кери, кој е кандидат да ја наследи Клинтон на функцијата, ја пофали за потегот.

„Таа стори и повеќе од препораките на одборот со тоа што презеде итни мерки за зајакнување на безбедноста на претставништвата со висок ризик, барајќи одобрение од Конгресот да ги зголеми трошоците за дипломатската безбедност за 1,3 милијарди“, рече Кери.

Факт е дека американските амбасади не се мета само на протести, туку и на терористички напади.

Даниел Сервер работел во неколку амбасади, меѓу нив и во онаа во Багдад, а сега е професор на Катедрата за постдипломски меѓународни студии на Универзитетот Џонс Хопкинс. Вели, амбасадите кои личат на утврдувања често стануваат симболи на огорченост.

„Не може да се врши дипломатија од зад ѕидови високи шест метри“, коментира Сервер. Додава дека е точно дека амбасадорот Стивенс имал добра причина да остане во Козулатот во Бенгази, но „во однос на ризикот, ќе беше побезбеден на улица, каде 99 од 100 Либијци би го пречекале со отворени раце“.

Сепак, Сервер признава дека е тешко да се брани ваквиот аргумент по убиството. А, со фактот дека владата на Обама е во дефанзива во врска со нападот, американските амбасади најверојатно и натаму ќе бидат - налик на утврдувања.
XS
SM
MD
LG