Линкови за пристапност

Кампања на Амбасадата на САД во Македонија за подигање на свеста за проблемот со трговија со луѓе


Human Trafficking - Macedonia
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Ќе бидат опфатени 14 градови ширум земјата.

„Мошне е важно сите да разговараат за проблемот со трговијата со луѓе, бидејки само на тој начин ќе може да се спречи ова современо ропство“, истакна Лаура Барнс од Одделот за политика при Амбасадата на САД во Скопје. За време на дебата пред средношколци од Струга, Барнс зборуваше за овој проблем со кој се соочуваат земјите од светот. Младите стружани можеа да слушнат интересни информации од тоа какви се последици со себе носи оваа појава,кој се може да биде жртва на трговијата со луѓе но и преку дебата да споделат други информации. Во рамките на презентацијата беше прикажан и документарниот филм посветен на трговијата со луѓе, „Не е мој живот“.

„Амбасадата на САД во Скопје организира вакви настани за подигање на свеста. Воедно презема акции за зајакнување на капацитетите на владините и невладините тела и организации и допринесува со обезбедување на информации за годишниот извештај за трговија со луѓе, којшто е јавен документ кој е достапаен за сите“, рече претставничката на американската амбасада.

Барнс кажа и дека САД постојано ја поттикнуваат македонската Влада да работи на ова прашање.

„Трговијата со луѓе се случува секаде, се случува и во САД, се случува и во Македонија. Македонија е рангирана во првата група на земји. Тоа значи дека влегува во групата земји коишто исполнуваат минимум основни стандарди во борбата против трговијата со луѓе. Продолжуваме да ја поттикнуваме Владата на Македонија да работи на идентификување на жртвите на трговијата со луѓе“, изјави Барнс.

Ученици од средните училишта во Струга велат дека ваквите презентации се можност да научат нешто повеќе за оваа глобална појава.

„Денес трговијата со луѓе е се` поголема, но мал град сме и мислам дела не е до толку застапена“, рече ученичката Дијана Миладиноска.

„Многу ми се допаѓа ширење на вакви презентации, затоа што можеме да научиме нешто од ова. Треба да разговараме за ова и да се запознаеме подобро“, вели Сара Спиркоска.

XS
SM
MD
LG