Линкови за пристапност

Акција на дарување крв и храна на Амбасадата на САД во РМ


Хуманитарна акција на Амбасадата на САД во РМ
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:44 0:00

Џес Бејли беше еден од крводарителите на традиционалната крводарителска и акција за собирање храна и облека по повод Националниот ден на служба и сеќавање. „Да ги запаметиме оние што ги загубивме, но и да им пружиме помош на оние на кои им е потребна“ – порача американскиот амбасадор.

„Го правиме ова секоја година во исто време за да ја одбележиме годишнината од терористичките напади на 11-ти септември. Овој пат беше 16-годишнината. Секоја година се сеќаваме на оние што ги загубивме и сме заедно со нивните семејства. Речиси 3000 луѓе загинаа тој ден – мажи, жени, млади и стари, луѓе од разни националности и религии. Но, 11-ти септември не беше само за луѓето што ги загубивме, туку и за оние кои влегоа во зградите и им помогнаа на своите сограѓани“, изјави американскиот амбасадор во Република Македонија.

Во американската амбасада се појави дел од државно-владиниот врв – собранискиот спикер, министри....

Оваа акција, со помош на Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија, се спроведува веќе девет години – надежите се дека ќе биде надминат ланскиот крводарителски рекорд.

„Нека денешниот ден не потсети колку е важно да сме заедно да веруваме и да одвоиме дел од себе за другите, да помогнеме на оние кои имаат потреба од помош, на оние кои имаат потреба од нас“, подвлече Саит Саити, од Црвениот крст на Македонија.

„Денеска, тука, даруваме дел од себе, од нашата хуманост, даруваме дел од нашата крв, облека, храна за да им помогнеме на оние на кои сме им најпотребни“, рече Кочо Димитровски од Институтот за трансфузиологија.

Донаторски акции освен во амбасадата се одржаа и во американските катчиња во Скопје, Штип, Битола, Струга и Тетово.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG