Повеќето луѓе претпоставуваат дека победникот на претседателските избори во САД ќе се знае штом ќе се заврши гласањето, и кога кандидатот што изгубил ќе одржи говор за повлекување пред гласачите.
Но, вистината е дека официјално победникот ќе се прогласи по два месеца долг процес, кој ќе заврши во јануари.
Прво е изборниот ден, како што е гласањето денес. Потоа се одредува датум во декември, кој годинава е 14-ти декември, кога членовите на Изборниот колеџ се среќаваат да гласаат за претседател.
Освен Изборниот колеџ, дополнително, потврдата на победникот ги вклучува и Сенатот, Претставничкиот дом и Националната архива.
„Годинава на шести јануари, Конгресот ќе го потврди победникот“, рече Ејми Дејси од Американскиот Универзитет, додавајќи дека овој процес е резултат на компромис меѓу основачите на Америка, кои не биле убедени дека може да им се верува на гласачите да го изберат достојниот лидер.
Facebook Forum