Линкови за пристапност

Ќе се важат гласачките ливчиња во Северна Каролина дури и ако стигнат по изборниот ден


Околу 20 сојузни држави во САД сега дозволуваат гласачките ливчиња да стигнат по изборниот ден, доколку се испратени пред трети ноември

Апелационен суд во сојузната држава Северна Каролина одлучи дека сите гласачки ливчиња кои ќе бидат испратени по пошта не подоцна од изборниот ден, ќе бидат важечки дури и ако стигнат по изборите.

Судот ја одби регулативата на Избирачкиот борд на Северна Каролина, според која можеше да се прифаќаат само гласачките ливчиња кои ќе стигнеа најдоцна до 12 ноември.

Врховниот суд во понеделникот ја поддржа одлуката на највисокиот суд во Пенсилванија, со која се дозволува гласачите ливчиња кои се испраќаат по пошта, да може да се пребројуваат дури и ако пристигнат подоцна од шести ноември.

Околу 20 сојузни држави во САД сега дозволуваат гласачките ливчиња да стигнат по изборниот ден, се` додека се испратени пред трети ноември.

Многу сојузни држави дозволуваат да се гласа и лично пред изборниот ден.

Според податоците, досега гласале околу 38 милиони луѓе, вклучувајќи ги и оние што гласале по пошта.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG