Линкови за пристапност

Демократите победија на изборите за гувернери во Вирџинија и Њу Џерси


Резултатите ги зголемуваат шансите на партијата пред клучните конгресни избори

Демократите извојуваа значајни победи на изборите за гувернери во две клучни сојузни држави во САД.

Ралф Нортам го порази републиканецот Ед Гилеспи, а ќе го замени замени досегашниот демократски гувернер Тери Мекалиф.

Во победничкиот говор Нортам ја отфрли политиката на претседателот Доналд Трамп:

„Вирџинија се огласи. Вирџинија ни` кажа да ставиме крај на поделбата, да ја осудиме омразата и нетрпеливоста и да ставиме крај на политиката која ја урива државата“, изјави Нортам.

Трамп на Твитер напиша: „Ед Гилеспи работеше напорно, но не го истакна она за што се залагам јас“.

Во Вирџинија, демократката Даница Роем го порази Роберт Маршал и стана првата трансродова претставничка во ова јужна сојузна држава.

Во Њу Џерси, демократот Фил Марфи ја порази републиканката Ким Гвадањо, која доаѓа од иста партија како и актуелниот гувернер, Крис Кристи, чиј рејтинг достигна рекордното ниско ниво, откако ги заврши осумте години на функцијата.

Гласањето во вторникот нуди првична индикација за тоа како гласачите гледаат на политиките на претседателот Доналд Трамп, додека републиканците и демократите се обидуваат да добијат поттик пред изборите следната година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG