Линкови за пристапност

Дали ќе биде спречена номинацијата на Доналд Трамп?


Двајцата негови ривали обелоденија план дека ќе му се спротивстават во три сојузни држави.

Напорите да се спречи Доналд Трамп да биде номиниран за претседател од редовите на Републиканската партија, добија нова димензија, откако двајцата негови главни ривали обелоденија план дека ќе му се спротивстават во три сојузни држави.

На само три месеци од републиканската конвенција во Кливленд, Трамп е единствениот кандидат со сите математички шанси да го добие мнозинството од 1,237-те делегати потребни за номинацијата.

Имено, гувернерот од Охајо, Џон Кејсик и сенаторот од Тексас,Тед Круз објавија соопштенија во кои се вели дека Кејсик ќе се повлече и прелиминарните избори на 3-ти мај во Индијана ќе му ги отстапи на Круз. Од кампањата на Круз рекоа дека договорот со Кејсик има за цел да се осигура дека републиканскиот кандидат е некој кој ќе ја обедини партијата.

Трамп на неколкупати ја критикуваше Републиканската партија дека не постапувала фер спрема него во текот на целата кампања, а напорот на Круз и Кејсик го нарече, цитираме, тажен.

XS
SM
MD
LG