Линкови за пристапност

Трет „супер вторник“


Се гласа во пет сојузни држави. Републиканецот Трамп и демократката Клинтон се обидуваат да го зголемат водството, а другите кандидати се обидуваат да останат во трката.

Денеска, на третиот таканаречен супер-вторник по ред, се одржуваат партиски избори во сојузните држави Флорида, Северна Каролина, Илиноис, Охајо и Мисури. Републиканецот Доналд Трамп и демократката Хилари Клинтон се обидуваат да го зголемат водството, а другите кандидати се обидуваат да останат во трката.

Флорида ќе биде клучната држава во денешното гласање, каде победникот од редовите на Републиканската партија ќе добие 99 делегати. Според две најнови испитувања на јавното мислење, Трамп води со најмалку 17 проценти пред сенаторот од Флорида, Марко Рубио.

Во Охајо има изгледи трката да биде неизвесна, бидејќи веднаш зад Трамп се наоѓа гувернерот на оваа сојузна држава, Џон Касич. Касич во меѓувреме ја доби поддршката од Мит Ромни, републиканскиот кандидат на изборите во 2012-та. Победникот во Охајо ќе добие 66 делегати.

Во Северна Каролина, Мисури и Илиноис, Доналд Трамп има мало водство, а веднаш зад него е сенаторот од Тексас, Тед Круз.

XS
SM
MD
LG