Линкови за пристапност

Претседателските кандидати се фокусираат на партиските избори во вторник


Во меѓувреме, продолжува критиката кон фаворитот за добивање на номинацијата од редовите на Републиканската партија, Доналд Трамп.

Партиските избори во Флорида, Охајо, Илиноис, Мисури и Северна Каролина се особено важни за ривалите на Трамп коишто се обидуваат да го спречат од добивање на недостижно водство.

Трамп порекна дека неговата кампања провоцирала насилство за време на партискиот собир во Чикаго, и за време на говорот во Блумингтон, Илиноис, потенцираше дека се залага за мир, а не за неволја.

Во неколку од сојузните држави каде во вторник ќе се одржат партиските избори избија немири меѓу симпатизерите на Трамп и оние кои се против неговата кандидатура, при што властите уапсија неколку лица.

Хилари Клинтон, поранешната државна секретарка и фаворит за добивање на претседателската номинација од редовите на демократите, истакна дека критиката спрема Трамп нема да биде битна доколку граѓаните не излезат на денот на гласањето и не гласаат против него.

Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, кажа дека се надева оти Трамп ќе го промени тонот на неговата кампања, потенцирајќи дека насилството не е прифатливо.

Со критичен тон спрема Трамп се огласи и сенаторот од Тексас, Тед Круз кој во моментов е на второ место по бројот на делегатите потребни за добивање на републиканската номинација, а истото го сторија и сенаторот од Флорида, Марко Рубио и гувернерот на Охајо, Џон Касич, коишто кампањата на Трамп ја опишаа како опасна и токсична.

XS
SM
MD
LG