Гласачите во четири американски сојузни држави, вчера ги избраа кандидатите, кои ја поддржуваат агендата на претседателот Доналд Трамп.
Најзначајната победа за претседателот е во Западна Вирџинија, каде Дон Бленкеншип, кој себе си` се нарече поголем Трамп од Трамп, беше поразен од главниот правобранител Патрик Морисеј.
По победата, Трамп изјави дека републиканците имале „одлична ноќ“, кој тој се надева дека ќе се повтори на конгресните избори во ноември.
„Огромна енергија и возбуда меѓу гласачите, како и кандидатите се тие што ќе имаат одлична шанса да победат во ноември“, напиша Трамп на неговиот Твитер профил.
Трамп смета дека здравата економија и Законот за даноци, кој го изгласа Конгресот, можат да ги одалечат од победа демократите на конгресните избори, укажувајќи на лидерката на демокартите во Претставничкиот дом Ненси Пелоси, која изјавила дека ќе бара нов Закон за даноци, доколку демократите го добијат мнозинството во Претставничкиот дом следната година.
Facebook Forum