Линкови за пристапност

Кандидатите на средби со граѓаните спроти „супер-вторник“


Републиканците Трамп и Рубио продолжија со меѓусебните напади

Кандидатите за претседател на САД, денешниот ден понеделник, го користат за да се направи последниот притисок за добивање поддршка, пред гласачите во најмалку 11 сојузни држави да го изнесат своето мислење за тоа кои треба да бидат наименувани кандидати од Демократската и Републиканската партија.

Републиканците се фокусираат на југ, сметајќи на две третини од делегатите што ќе бидат доделени на она што се нарекува Супер вторник.

Биснисменот Доналд Трамп, главен фаворит во републиканската трка, одржува средби во Вирџинија и Џорџија, додека сенаторот на Флорида Марко Рубио е во Арканзас. Сенаторот од Тексас Тед Круз, своите напори ги фокусира во неговата сојузна држава.

XS
SM
MD
LG