Линкови за пристапност

Денес се одлучува и кој ќе го контролира Сенатот


Седум од 35 места сенатски места, кои треба да се реизберат денес, се наоѓаат во речиси подеднакви трки, според непартиски политички извештај

Контролата на Сенатот, од која во голема мера ќе зависи успехот или неуспехот на идната претседателска агенда, ќе ја одлучат неколку изборни трки на национално ниво, кои, според анкетите, се многу тесни пред денешниот изборен ден.

Седум од 35 места во Сенатот, кои треба да се реизберат денес, се наоѓаат во речиси подеднакви трки, според непартиски политички извештај.

На демократите им се потребни три места ако победи поранешниот потпретседател Џо Бајден, или вкупно четири места ако победи претседателот Доналд Трамп, бидејќи ако Сенатот е 50-50 потпретседателот ќе треба да пресече.

Републиканците во моментов имаат сенатско мнозинство од 53 наспроти 47 гласови за демократите. Само едно од 12 демократски места во Сенатот, кои се за резибор годинава, е рангирано дека се движи кон републиканците.

Експертите велат дека влијанието на Трамп ќе биде одлучувачки фактор во повеќето од овие тесни трки.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG