Линкови за пристапност

Судија нареди рачно пребројување на гласовите во Флорида


Федерален судија нареди рачно пребројување на гласовите во сенатската трка во Флорида, велејќи им на изборните претставници дека сојузната држава станала предмет на „исмевање.“

Законот во сојузната држава предвидува рачно пребројување, ако машинското пребројување утврди дека разликата е помала од 0.25 проценти.

Во досегашното пребројување досегашниот сенатор, демократот Бил Нелсон водеше против републиканскиот противкандидат, гувернерот Рик Скот со предност од само 0.15 проценти.

И демократите и републиканците поднесоа тужби поврзани со пребројувањето на гласовите.

Федералниот судија Марк Вокер исто така им даде рок на гласачите до саботата да ги коригираат гласачките ливчиња, ако тие не се пребројани заради несогласување потписите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG