Се зголемува бројот на кандидати кои сакаат да му се спротивстават на претседателот на САД Доналд Трамп, на изборите во 2020-та година. Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс објави дека и тој се приклучува на трката.
Сандерс се обиде да ја добие номинацијата од Демократската партија на прелиминарните избори во 2016-та година, но загуби од поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.
Тој доби голема поддршка за плановите за бесплатно школство, поголема улога на владата во обезбедување на здравствена заштита за сите и зголемување на минималната плата.
Сандерс, кој е независен сенатор им се приклучи на големиот број демократи кои веќе објавија дека ќе учествуваат на прелиминарните партиски избори во 2020-та година. Меѓу досегашните кандидати се сенаторите Елизабет Ворен, Кори Букер, Ејми Клобучар, Кристен Гилибранд и Камала Харис.
Facebook Forum