Линкови за пристапност

Претседателската трка во САД се стеснува


Двете кампањи вчера се фокусираа на Северна Каролина, објаснувајќи има на гласачите дека нивниот глас е важен

Хилари Клинтон и Доналд Трамп ги повикаа поддржувачите да излезат и да гласаат.

Доналд Трамп зборување пред група ветерани во градот Селма, Северна Каролина. Тој кажа дека не може да и се верува на Клинтон кога станува збор за американската безбедност:

„Знаеме дека не можеме да имаме доверба во Клинтон, тоа го осознавме кога станa збор за американската безбедност. Погледнете ја нејзината ситуација со електронските пораки: Можеме ли да и веруваме со безбедноста? Таа не е квалификувана да учествува во претседателската трка. Таа е најнечесна личност која кога и да било досега учествувала на претседателските избори. Ги гледам адмиралите, генералите, добитниците на Медалот на честа, и замислете таа да биде нивен командант.“

Поранешната државна секретарка водеше кампања во Рали, каде беше најавена од нејзиниот поранешен ривал од демократската партија, Берни Сандерс.

Клинтон на насобраните има кажа овие избори се за тоа каква промена сакаат граѓаните на САД:

„Мислам дека е фер да кажам дека нештата ќе се променат, промените се дел од животот, тие се извесни. Прашањето е какви промени ќе видиме? Дали ќе направиме посилна, фер, подобра Америка, или ќе се заплашуваме меѓу себе, и ќе се плашиме од иднината? Сакам да размислите за различните патишта во иднината кои нам ни се на дофат.“

Претседателот Барак Обама, беше на кампања за Хилари Клинтон во Флорида, друга т.н. „неопределена“ сојузна држава која може да ги реши изборите во вторник.

Две нови национални анкети покажуваат мало водство на Клинтон, наспроти Трамп, The New York Times/CBS News анкетата и дава предност на Клинтон од 45 наспроти 42 проценти, додека анкетата на Washington Post/ABC покажува водство од 47 наспроти 45 проценти.

XS
SM
MD
LG