Линкови за пристапност

И Македонец на изборите во САД


Ник Милевски, избори САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00

Ник Милевски е првиот Американец, со македонско потекло, кој досега бил номинран за член на Градски совет во САД, а желба му е да го отвори патот на идни македонски политичари во Америка

Во изборите во САД годинава учествува и Македонец. Ник Милевски, сопственик на ресторан од Њу Џерси, е во трка да стане член на Градскиот совет на Гарфилд од Републиканската партија.

Милевски е првиот Американец, со македонско потекло, кој досега бил номинран за член на Градски совет во САД, а желба му е да го отвори патот на идни македонски политичари во Америка.

За Гласот на Америка рече дека сака да победи на изборите, за да ги спои малите заедници во овој дел на САД.

„Би сакал да водам политика на отворена врата со сите, не само со Македонците. Имаме голема полска, но и албанска заедница овде, која интензивно се населува. Сакам да бидам дел од нивните семјства. На пример, да им помагам со децата на училиште“, вели тој.

Милевски изборната кампања ја води на Фејсбук и од врата на врата, запознавајќи се со гласачите, но верува дека може да победи само ако биде поддржан од македонската заедница.

„Ако македонската заедница остане дома, ќе изгубам. Главна идеја на изборите е да се исполнат обврските, да им се каже на луѓето што, како и зошто сакате да направите нешто, и да ги убедите да излезат да гласаат“, изјави Милевски.

Според него, овие избори се особено значајни, бидејќи се одвиваат паралелно со претседателската кампања на Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

„Гарантирам дека овој пат можеби двојно повеќе, дури и трипати повеќе граѓани ќе излезат да гласаат. Тоа мене ми оди во прилог“, убеден е тој.

Милевски смета дека политичарите во Македонија, особено на овие избори, треба да бидат ослободени од надворешен притисок, за да може да одлучуваат сами.

А ако победи на изборите, Гарфилд го гледа како место со чисти улици, поголемо полициско присуство во ризичните делови, повеќе проекти за ислениците од Балканот и место каде ќе се поддржуваат различни идеи за подобар живот.

Во моментот во Гарфилд има околу 150 македонски семејства.

XS
SM
MD
LG