Линкови за пристапност

Од НАТО до ИСИС: што мислат претседателските кандидати за надворешната политика на САД


Кои се плановите на Хилари Клинтон и Доналд Трамп доколку влезат во Белата куќа

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон која се залага за понаметлива американска политика во Сирија кажа дека сака да ги искористи „сите алатки на моќта,“ од дипломатија до економски развој за поддршка на американската надворешна политика.

„Јас верувам во силни сојузи, јасност во справувањето со нашите ривали и цврста определба кон вредностите кои отсекогаш ја правеле Америка голема,“ кажа Клинтон во говорот за надворешната политика во јуни. „И ако Америка не раководи, ние оставаме вакум - тоа или ќе создаде хаос, или други земји ќе сакаат да ја пополнат празнината. “

Џереми Маер е професор по политички науки на Универзитетот Џорџ Мејсон, тој ја нарекува Клинтон „интернационалист“ и „мултилатералист“ – застапничка за американско глобално лидерство од типот на Барак Обама.

„Таа се разликува од Обама по тоа што јас мислам дека таа е по подготвена да користи сила,“ вели Маер.

Иако тој се спротивставува за „градење нации“ и по други позиции тој му припаѓа на кампот на „реалистите“ во однос на надворешната политика, но Маер на Трамп не гледа како на „реалист“ туку дури и изолационист – неговото ветување е дека ќе ја врати Америка кон нов период на изолационизам.

„За нашите пријатели и сојузници, јас велам Америка ќе биде силна уште еднаш, Америка ќе биде сигурна повторно.“ Во неговиот говор за надворешната политика во април тој кажа „Конечно ќе имаме кохерентна надворешна политика, заснована на американските интереси и заедничките интереси на американските сојузници.“

Повикувајќи се на фразата популаризирана од Роналд Реган, Трамп вети дека ќе спроведе „мир преку зајакнување“, преку обновување на американската војска - тема која е добро прифатена кај неговите поддржувачи.

Претседателствувањето на Трамп „ќе донесе страв во срцата на оние кои сега не искористуваат,“ кажа Сидни Шачнов, пензиониран американски генерал кој им се се` придружи на 87 поранешни генерали и адмирали кои го поддржаа Трамп минатиот месец.


НАТО

Помеѓу сите разлики во надворешната политика на Клинтон и Трамп, највидлива е нивната разлика околу американската обврска кон НАТО и другите сојузници.

Трамп летово предизвика бура кога сугерираше дека тој нема автоматски да им помогне на НАТО сојузниците ако тие се нападнати од Русија.

Коментарот наиде на остар прекор ширум политичкиот спектар, но Трамп не ја омекна неговата позиција дека членовите на НАТО треба да го платат „нивниот дел“ за одбраната и за борбата со тероризмот.

Разликите постанаа поочигледни за време на втората претседателка дебата порано месецов.

„Ние ќе работиме поблиску со нашите сојузници, тоа е нешто кои Доналд Трамп го отфрла,“ кажа Клинтон.

Трамп одговори дека Америка „работела со нив многу години, затоа сме во најголемото безредие кое некој некогаш го видел.

За критичарите, тоа е не` препознавање на важноста на Алијансата, која служи како бедем во американската безбедност.

„Што тој не може да разбере е дека НАТО е во наш интерес“ вели Џејмс Џефри, поранешен дипломат кој ја поддржа Клинтон.

Поддржувачите на Трамп велат дека тој нема намера да го занемари НАТО или останатите американски сојузници.


Русија

Со обвинението дека Русија се меша во претседателските избори во САД, Русија ќе остане голем предизвик за следниот претседател.

Трамп, рускиот претседател Владимир Путин го нарече силен лидер, и дека тој сака да изгради односи со него само за борба против Исламската држава.

Мајк Пенс, републиканскиот потпретседателски кандидат зазеде посилна позиција за време на потпретседателската дебата, нарекувајќи го Путин „мал и насилен“ лидер, велејќи дека руските провокации „треба да бидат пресретнати со посилна американска позиција.“

Експертите за национална безбедност од двете политички партии го нападнаа Трамп за заземањето на мека позиција кон ривалот кој се заканува на американските интереси во Европа и пошироко.

„Тој отфрла секава закана од Русија“ вели Џефри и додава дека тоа „е целосно погрешно и екстремно опасно.“

Ветувајќи дека ќе биде „одлучна, но мудра со ривалите,“ Клинтон вели дека сака да ги засили санкциите кон Русија, воведени по анексијата врз Крим и инвазијата на Украина. Таа се залага за проширување на противракетниот систем во Европа, и да им помогне на европските нации да ја прекинат зависноста од руска енергија.

Кина

Клинтон е подготвена да застане против агресивната Русија, Трамп ветува посилна позиција кон Кина, која тој ја обвинува за „економски напад“ и за крадење на добро платените работни места од САД.

Трамп повика на казнување на Пекинг за водење нефер трговски практики, определувајќи ја Кина како монетарен манипулатор, јакнење на американското присуство во Јужното кинеско море, да се принуди Кина да заземе поцврста позиција кон Северна Кореја и да се спротивстави на кинеските кибернетски напади.

Клинтон исто така не е попустлива кон Кина - минатата недела нејзината изјава за градење на противракетен одбранбен „прстен“ околу Кина се најде на насловните страници. Таа предупреди на еднострана акција од САД, во случај на трговски спор помеѓу двете земји.

Маер од Универзитетот Џорџ Мејсон вели дека управувањето со американските сложени односи со Кина ќе остане предизвик, и ќе бидат на второ место по приоритет по политиката за справување со Русија.

Иран

Меѓународниот договор со Иран за нуклеарната програма на земјата постана уште едно прашање на разногласие кај кандидатите.

Клинтон си зема кредит за поставувањето на темелите за договорот, велејќи дека со него светот постанал побезбеден. Сепак Клинтон која како државна секретарка изгради меѓународна поддршка за санкциите кон Иран, вели дека таа повторно ќе ги воведе, ако Техеран не се држи до договорот.

Како и мнозинството републиканци Трамп е гласен критичар на договорот, и вети дека ќе се повлече од него ако биде избран.

Платформата на републиканската партија договорот го нарече „личен договор помеѓу претседателот и неговите преговарачи и дека не е задолжителен за следниот претседател.“

Исламска држава

За прашањето за надворешната политика за кое Американците најмногу се грижат – Исламската држава во Ирак и Сирија – разликите во политиката помеѓу Клинтон и Трамп изгледаат поинакви отколку на прв поглед.

Двајцата сакаат САД да ги засилат воздушните напади против Исламската држава, двајцата се залагаат за забранета зона за летање над делови на Сирија за да се спречи сириската влада да цели на цивили и бунтовници, и двајцата велат дека ќе работат на меѓународна коалиција од западни и блиско - источни нации во борбата со ИСИС.

Но сличностите завршуваат тука. Клинтон не се залага за испраќање на копнени сили во Сирија и Ирак, а се залага за заемање посилна позиција против режимот на претседателот Башар ал Асад.

Во спротивност со неговиот ривал во спрaвувањето со руските „провокации“ во Сирија, Трамп за време на втората дебата кажа дека нема потреба за спротивставување со сирискиот режим, Русија и Иран затоа што сите тие се борат против ИСИС исто така.

Трамп на Исламската држава гледа како на поголема закана за Америка, која тој ја нарекува „радикален исламски тероризам.“ Тој ги повика Клинтон и Обама затоа што не сакаат да го „именуваат непријателот.“

Тој вели дека ако биде избран ќе воспостави комисија за радикалниот ислам, но не даде детали за неговите планови како да се победи ИСИС, оставајќи многу од неговите критичари загрижени дали тој воопшто има некаков план.

XS
SM
MD
LG