Линкови за пристапност

Локални избори во САД


Се гласа за гувернери, но и на референдуми за прашања што ги засегаат локалните заедници

Американските претседателски избори ќе се одржат за една година, но гласачите низ целата држава, гласаат за места во државната и локална самоуправа, како и на референдуми за проблемите коишто ги засегаат нивните заедници.

Гласачите во две сојузни држави избираат гувернери. Предизборните анкети покажаа дека гувернерот од републиканската партија Фил Брајант, е на пат да извојува лесна победа и да биде реизбран во јужната сојузна држава Мисисипи. Но, во сојузната држава Кентаки, државниот обвинител Џек Конвеј од Демократската партија, и конзервативниот републикански бизнисмен Мет Бевин, водат тесна трка.

Гласачите од големата сојузна држава од средниот запад Охајо, која важи за клучна сојузна држава на претседателските избори, гласаат дали да ја легализираат рекреативната и медицинска употреба на марихуаната. Доколку исходот е позитивен, ова ќе биде прва, од културолошки конзервативните држави, од централниот дел на земјата, каде ќе се легализира употребата на марихуана.

Последните анкети покажаа дека гласачите во Охајо се поделени околу ова прашање.

XS
SM
MD
LG