Линкови за пристапност

Демократскиот кандидат за гувернер на Кентаки води пред републиканецот


Бешер прогласи победа, иако Бевин одби да го признае резултатот

Со речиси сите преброени гласови во трката за гувернер на Кентаки, демократот Енди Бешер води пред републиканецот Мат Бевин, односно 49.2 наспроти 48.8 проценти во корист на демократот.

Бешер прогласи победа, иако Бевин одби да го признае резултатот.

„Пораката на гласачите е јасна и гласна, а тоа е дека изборите не мора да бидат за леви наспроти десни, туку за она што е исправно наспроти погрешно“, рече тој.

Бевин, пак, рече дека постојат неправилности.

„Тие ќе треба да бидат утврдени согласно законот“, рече тој.

Политичките аналитичари велат дека трката за гувернер на Кентаки би можела да му биде сигнал на претседателот Доналд Трамп за расположението за изборите следната година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG