Линкови за пристапност

Калифорнија во фокус на делумните конгресни избори во ноември


Прелиминарните избори во Калифорнија би можеле да одредат дали демократите ќе добијат 23 места потребни за контрола на Претставничкиот дом на САД

Демократката Дајен Фајнстин е еден чекор поблизу до реизборот до шестиот мандат во американскиот Сенат, откако вчера победи со најголем број гласови во прелиминарниот изборен процес во Калифорнија.

84-годишната поранешна градоначалничка на Сан Франциско, лесно го победи нејзиниот помлад противник, сенаторот Кевин де Лион, но според тамошниот процес, двајцата кандидати може да се соочат на изборите во ноември.

Во меѓувреме, гувернерот Гевин Њусом, поранешен градоначалник на Сан Франциско, ќе оди на општите избори во ноември, каде ќе се соочи со републиканскиот бизнисмен Џон Кокс кој, пак, беше одобрен од претседателот Доналд Трамп. Тие се во трка да го заменат гувернерот Џери Браун.

Прелиминарните избори во Калифорнија би можеле да одредат дали демократите ќе добијат 23 места потребни, за да се добијат контрола во Претставничкиот дом на САД.

Партијата беше насочена кон најмалку седум конгресните окрузи, што ги освои Хилари Клинтон на претседателските избори во 2016-та година, но, бројни демократи се кандидираа за овие места, што доведе до загриженост дека гласовите на демократите ќе бидат поделени, и ќе им овозможат на првите двајца републиканци да напредуваат на општите избори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG