Линкови за пристапност

Уште 1,1 милион американски работници побараа надомест поради невработеност


Уште 1,1 милион невработени американски работници поднесоа барање за надомест поради невработеност минатата недела, соопшти Одделот за труд денеска, една недела откако неделниот број на барања за надомест падна под милион.

Порастот на побарувања минатата недела сугерира дека работодавците отпуштаат повеќе работници и дека пазарот на трудот сè уште покажува знаци на слабост во држави каде повторно има раст на инфекциите со коронавирус.

Во текот на 20 недели, повеќе од еден милион невработени лица побараа помош од владата, бидејќи вирусот се шири во заедниците низ целата земја, принудувајќи ги работодавците да ги затворат своите деловни активности или да ги намалат и да отпуштаат работници.

Минатата недела вкупните побарувања се зголемија за 180.000 од претходната недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG