Линкови за пристапност

Американската економија од април до јуни забележа пад од 9,5%


Одделот за труд објави дека уште 1.4 милиони работници поднеле барања за надомест поради невработеност минатата недела

САД соопштија дека американската економија, тешко погодена од пандемијата на коронавирусот, забележа пад за 9,5% во периодот меѓу април и јуни, што е најголем тромесечен пад во последните седум децении.

Економскиот пад во вториот квартал се претвори во годишен пад од 32,9%.

Тримесечниот пад кој го соопшти Одделот за трговија, во комбинација со падот од 4,8% од јануари до март, официјално ја смести американската економија, најголемата во светот, во рецесија.

Досега во САД починаа повеќе од 150.000 лица, а заразени се повеќе од 4,4 милиони.

Пандемијата продолжува негативно да влијае на економијата, при што Одделот за труд објави дека уште 1.4 милиони работници поднеле барања за надомест поради невработеност минатата недела, темпо на побарувања на надоместоци поради невработеност кое сега се одржува стабилно со недели.

Околу 17 милиони американски работници остануваат невработени.

Се уште нема епилог од преговорите на Белата куќа и Конгресот за тоа дали да го продолжат федералниот поттик од 600 американски долари седмично поради невработеност, мерка што истекува во петок и за тоа какви треба да бидат другите тековни финансиски мерки, доколку ги има.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG