Линкови за пристапност

САД со најниска стапка на невработеност последниве 18 години


Се вели во најновиот извештај на Одделот за труд

Во мај во САД биле отворени 223.000 работни места, со што стапката на невработеност се намали на 3,8 отсто, најниско последниве 18 години, стои во месечниот извештај на Одделот за труд.

Во извештајот се додава дека просечната плата за еден час пораснала за 2,7 отсто споредено со претходната година, нешто побрзо годишнo темпо отколку во април. Но, растот на платите останува под нивоата типични за период на волку ниска стапка на невработеност.

Сепак, извештајот покажува дека речиси деветгодишната економска експанзија - втората најдолга досега евидентирана - останува на вистинскиот пат.

На пазарот на работни места, воедно се бележат придобивки и за поширок опсег на Американци: Стапката на невработеност кај дипломирани студенти од средните училишта, достигнала 3,9 отсто, што е најниско ниво последниве 17 години, а за Афроамериканците, достигна рекордно ниско ниво од 5,9 отсто.

Некои економисти, сепак остануваат загрижени дека агресивните чекори на администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп во трговијата, можно е да го попречат растот. Американската влада во четвртокот воведе царини за увоз на челик и алуминиум од клучните сојузници во Европа, Канада и Мексико. Претходно неделава, официјални лица најавија царини спрема Кина врз производи во вредност од 50 милијарди долари.

Сепак, и покрај овие закани објавени во март, повеќето работодавци во САД, не го прекинале вработувањето.

За мај, според најновиот извештај, најмногу места се отвориле во здравствената индустрија, угостителството и градежништвото.

Асошиетед прес

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG