Линкови за пристапност

Раст на американскиот пазар на труд


Се очекува зголемување на каматните стапки

Според податоците на Одделот за труд, американскиот пазар на труд заздравува.

Бројот на лица кои бараат финансиска помош поради невработеност паднал за 10.000, на вкупна цифра од 245.000, на национално ниво. Експертите велат дека бројката под 300.000 е индикатор за здрав пазар на труд, каде отпуштањата се ретки, а работодавците се обидуваат да ги задржат работниците.

Отпуштањата од работа се под клучно ниво, веќе 118 недели, најдолг период од раните 1970-ти години, наваму.

Стапката на невработеност во САД беше објавена претходно и се наоѓа на ниво од 4,3 проценти. За еден месец биле додадени 138.000 нови работни места. Стапката на вработување неодамна забави, затоа што работодавците велат дека имаат проблем со наоѓање на квалификувани работници.

Следната недела претставници од Централната банка на САД ќе ја разгледаат состојбата со пазарот на труд и другите аспекти на најголемата светска економија, за да утврдат за колку да ги зголемат каматните стапки. Се очекува зголемувањето на референтната каматна стапка да се зголеми за една четвртина до еден процент.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG