Линкови за пристапност

Намалување на бројот на домови под хипотека во САД


Нов извештај покажува дека 77.000 сопственици ги изгубиле домовите, најмала цифра за изминатиов период

Според податоците на бизнис истражувачка група, активирањето на станбени хипотеки во САД минатиот месец паднало на најниско ниво од 2005-та година наваму.

Од компанијата „ATTOM Data Solutions“ која собира податоци за неплаќање на кредит, аукции, како и банкарското преземање на домови во целата земја велат дека бројот на процесирани случаи опаднал за 23 проценти во споредба со минатата година. Тоа значи дека повеќе од 77.000 сопственици на домови пропуштиле да исплатат рата и банките преземале некој вид на акција во обид да ги наплатат издадените кредити.

Сериозните проблеми на пазарот на домување во САД, како и продажбата на хартии од вредност поддржани од неликвидни хипотеки имаа клучна улога во финансиската криза од пред неколку години. Тоа е една од причините поради која инвеститорите и економистите одблизу го следат пазарот на недвижности.

Градот Сиетл, во сојузната држава Вашингтон е град кој стои најдобро во оваа студија, со пад на активираните хипотеки од о 38 проценти, во споредба со истиот период лани. Според оваа студија, Атлантик Сити во сојузната држава Њу Џерси имал најголем проблем со активирањето на хипотеките, каде еден од секои 237 домови добил некаков вид на банкарско известување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG