Линкови за пристапност

Јелен: Каматните стапки засега непроменети

Од Федералните резерви соопштија дека постои веројатност за нивно зголемување подоцна годинава, и тоа на два пати

Американската Централна банка во моментов ги држи непроменети клучните каматни стапки. Од Федералните резерви соопштија дека постои веројатност за нивно зголемување подоцна годинава, и тоа на два пати.

Според претседателката на Федералните резерви, Џенет Јелен, американската економија е мошне отпорна последниве неколку месеци, а економската активност се зголемува со умерено темпо, и покрај неодамнешните економски и финансиски настани.

Јелен додаде дека бавниот развој на странските економии, претставува одреден ризик на американската економија и затоа со претпазливост, каматните стапки се држат на ниско ниво.

Федералните резерви последен пат нивото на каматните стапки го кренаа од половина, на еден процент.

This item is part of
XS
SM
MD
LG