Според најновиот извештај на Одделот за трговија, во САД е забележано нагло опаѓање на економскиот растеж во првите три месеци од годинава. Бруто домашниот производ, наведува владиниот оддел, пораснал на само две десетини од процентот.
Ова е многу побавно од 2,2 проценти од изминатиот квартал во 2014-та.
Економистите за забавувањето го обвинуваат невообичаените времески услови изминатата зима и штрајкот заради кој имаше прекин во работата на пристаништата на западниот брег на САД.
Релативно високата вредност на американскиот долар исто така му наштети на бруто домашниот производ бидејќи го ослабе извозот, а го поттикна увозот. Советникот за економија во Белата Куќа, Џејсон Фурман, вели дека слабата побарувачка од странство за американските производи, оди на штета на извозот и целокупниот растеж. Тој додава дека наглиот пад на цените на нафтата ги погодија инвестициите во енергетските објекти, што секако има негативни последици на економијата.
Фурман истакна и дека американските потрошувачи во моментов штедат на трошоци за бензин кој е поевтин, а ваквиот вид на заштеда долгорочно може да биде извор на потрошувачка и економски растеж.