Линкови за пристапност

Јелен прогнозира поголем растеж годинава


Економијата се враќа во нормала по тешките зимски услови што ја успорија експанзијата во првите три месеци, оцени директорката на Федералните резерви.

Првиот човек на американската централна банка прогнозира дека економијата во земјата годинава ќе расте нешто побрзо од минатата и дека невработеноста постепено ќе опаѓа.

На распит во Конгресот, директорката на Федералните резерви Џенет Јелен оцени дека економијата се враќа во нормала по тешките зимски услови што нагло ја успорија експанзијата во првите три месеци од годинава.

Јелен смета дека економијата закрепнала до тој степен што Резервите можат постепено да го намалуваат стимулирањето преку купување на обврзници. Таа најави дека ќе продолжи политиката на ислучително ниски каматни стапки и информираше дека инфлацијата останува под 2%, за што некои стручњаци сметаат дека ќе биде поволно по економијата.

Според Јелен, на економското закрепнување може да му наштетат геополитичките напнатости и натамошните проблеми на американскиот пазар на домување.
XS
SM
MD
LG