Новата директорка на американската централна банка - Федералните резерви - најави дека најверојатно натамошно ќе го намали владиното купување на обврзници доколку економијата продолжи да закрепнува. Па сепак, Џенет Јелен не даде конкретна временска одредница. Претходно, банката веќе го скрати месечното купување на обврзници од 85 на 65 милијарди долари.
Јелен ова го кажа на првото појавување во Конгресот откако стана првата жена која дошла на чело на Федералните резерви. Таа оцени дека американското економско закрепнување земало поголем замав во втората половина на 2013-та и додаде дека биле отворени преку три милиони работни места откако банката започна да купува обврзници во септември 2012-та.
Но, растежот на нови работни места последниве два месеца забави, без oглед што стапката на невработеност падна на најниско ниво во последниве пет години - 6,6%.
Јелен оцени дека закрепнувањето на пазарот на трудот е далеку од завршено и дека преголем број на лица се без работа на подолг период.
„Тие што се без работа подолго од шест месеци и натаму претставуваат невообичаено голем дел од невработените, а бројот на оние кои работат само хонорарно, но би сакале да добијат редовна работа и натаму е мошне висок“, рече директорката на Федералните резерви.