Линкови за пристапност

Намален бројот на баратели на компензација заради невработеност


Бројот на невработени Американци кои бараат социјална помош од државата минатата недела паднал за 12 илјади.

Во најновиот извештај на Одделот за труд се наведува дека вкупно 365.000 новоотпуштени работници ширум државата, побарале социјална помош, што е намалување од 12 илјади.

Одредени економисти велат дека оваа бројка е нешто повисока од бројот на отпуштени работници во еден здрав пазар на работна сила.

Економистите додаваат дека очекуваат нивото на невработени да остане непроменето на 8,3 отсто.

Во утрешниот владин извештај за вработеност се очекува дека во САД во август биле отворени 127.000 работни места, што е помалку од минатиот месец.
XS
SM
MD
LG