Линкови за пристапност

Се зголемува бројот на лица во САД кои побарале бенифиции за невработеност


Владата соопшти дека минатата недела 719 илјади работници поднеле барање за бенефиции, што е за 61 илјада повеќе од ревидираната бројка од претходната недела

Бројот на лица во САД кои побарале бенифиции поради невработеност забележал раст минатата недела, објави Одделот за труд, бидејќи заздравувањето од економската штета предизвикана од коронавирусот е сè уште бавна.

Владата соопшти дека минатата недела 719 илјади работници поднеле барање за бенефиции, што е за 61 илјада повеќе од ревидираната бројка од претходната недела. Предходната недела, бројката од 658 илјади беше најмал број на нови побарувања за бенефиции за невработени во откако коронавирусот првпат се појави во САД пред една година.

Највисоките неделни побарувања, регистрирани од 60-тите години на минатиот век, вкупно биле 695 илјади лица, откако минатата година, оваа бројка го достигна врвот од 6,9 милиони лица.

За споредба, во 2019-та година, пред пандемијата, побарувањата за надомест поради невработеност во просек биле 218 илјади неделно.

Работодавците во многу држави сè уште се соочуваат со директиви за ограничување на работењето, додека во други сојузни држави тамошните гувернери ги укинуваат мерките луѓето да носат маски, и им овозможуваат на бизнисите целосно да бидат отворени.

Сликата за вработување во САД би можела да се подобри откако претседателот Џо Бајден го одобри пакетот мерки за олеснување вреден 1,9 трилиони американски долари, како директна финансиска помош за економијата. Мерките може да помогнат во зајакнување на ангажирањето и потрошувачката, бидејќи милиони Американци, сите освен оние кои имаа големи примања, добија 1.400 американски долари, директна финансиска помош од Владата.

Околу 2,5 милиони Американци веќе се вакцинираат против вирусот секој ден, со ветувањето на Бајден дека 90 проценти од сите возрасни кои сакаат да бидат вакцинирани ќе имаат можност да го направат тоа до 19-ти април, за помалку од три недели отсега.

Повеќе од 54 милиони Американци се целосно вакцинирани со една од трите достапни вакцини, а тоа е околу 21 процент од возрасната популација во САД.

Но, и покрај тоа, бројот на нови случаи повторно се зголемува во САД.

„Имаме толку многу да очекуваме, толку многу ветувања и потенцијали за тоа каде сме и толку многу причини за надеж, но во овој момент јас сепак сум уплашена“, изјави директорката на Центрите за контрола и превенција на болести во САД, Рошел Валенски.

Работодавачите во многу држави сè уште се соочуваат со наредби од државните и општинските службеници да го ограничат работното време или да го ограничат бројот на клиенти на кои можат да им служат истовремено во обид да го спречат ширење на ковид-19.

Од Федералните резерви очекуваат економијата да порасне за 6,5 проценти оваа година во споредба со претходната проекција од 4,2 проценти.

Во САД се вратени само нешто повеќе од половина од изгубените 22 милиони работни места од почетокот на пандемијата.

Според податоците на Универзитетот Џонсон Хопкинс, во САД досега се регистрирани 552 илјади смртни случаи како последица на коронавирусот, додека заразени се повеќе од 30 милиони лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG