Американската економија во првото тримесечје забележа пад од 4,8%, бидејќи поради пандемијата на коронавирусот затворен е голем дел од американската индустрија и бизнисите, што е најголем пад во повеќе од една деценија, соопшти Одделот за трговија.
Економистите предвидуваат дека падот во вториот квартал може да достигне дури до 30%.
Влијанието беше толку изразено што падот за периодот јануари-март е регистриран во последните три седмици од март, како последица на пандемијата што ја зафати најголемата светска економија. Тоа предизвика затворање на поголемите фабрики со илјадници работници, канцелариски комплекси и продавниците во големите и малите градови.
Но, вистинското економско влијание на пандемијата се очекува да биде познато за три месеци, кога ќе се објави статистиката за вториот квартал, поради отпуштањата на работници во април.
Досега, 26 милиони работници ги загубија своите работни места.
Првиот квартален пад е најголем во државата од Големата рецесија од 2007 до 2009 година. Економистите предвидуваат дека падот во вториот квартал може да достигне дури до 30%.
Facebook Forum