Линкови за пристапност

САД: Невработеноста во јуни паднала на 5,3%


Најниско ниво на невработеноста од 2008-ма: сцена од саем на работна сила во Сан Франциско, Калифорнија
Најниско ниво на невработеноста од 2008-ма: сцена од саем на работна сила во Сан Франциско, Калифорнија

Најмногу од новите работни места се во деловните услуги, здравствената заштита и малопродажбата

Во јуни биле отворени нови 223.000 работни места во САД, а стапката на невработеност се намалила за 0,2% и сега изнесува 5,3%, според најновите податоци на владиниот Оддел за труд.

Ова е најниско ниво на невработеноста од 2008-ма. Па сепак, официјални лица наведуваат дека стапката опаднала делумно поради тоа што преку 400.000 лица се откажале од барањето на работа и автоматски повеќе не се водат како невработени.

Според Одделот за труд, најмногу од новите работни места се во деловните услуги, здравствената заштита и малопродажбата. Најмногу загубени работни места и натаму има во рударскиот сектор, а особено во нафтената индустрија којашто е погодена од паѓањето на цената на горивото.

Бројот на Американци коишто се без работа опаднал за 375.000 на ниво од 8,3 милиони. Дополнителни 6,5 милиони Америкаци сакаат да работат целосно работно време, но засега нашле само хонорарна работа.

XS
SM
MD
LG