Линкови за пристапност

Американската економија расте - бавно


Нов извештај вели дека растежот бил над прогнозите, но дека 1,4 проценти е скромен напредок

Американската економија во првиот квартал од годината растела побрзо отколку што беа првичните проценки. Новите податоци покажуваат раст на потрошувачката и на извозот.

Од Одделот за трговија велат дека најголемата светска економија во јануари, февруари и март пораснала за 1,4 проценти на годишно ниво. Ова е за две десеттинки од процент побрзо отколку што се мислеше, иако некои експерти ваквиот тренд го оценија како разочарувачки.

Главниот економист на IHS Markit Нариман Бехравеш и аналитичар во Банката на федерални резерви во Атланта вели дека растот најверојатно значително ќе се зацврсти во следниот квартал.

Во друг извештај од Одделот за труд се вели дека минатата недела 244.000 Американци се пријавиле за бенефиции поради невработеност. Ова е мало зголемување од претходната недела, но сепак доволно ниско за да се каже дека пазарот на труд е здрав.

Стапката на невработеност, која се објавува месечно, е на најниско ниво во последниве 16 години, од 4,3 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG