Линкови за пристапност

Американската економија расте побрзо од очекуваното


Се очекува зголемување на главната каматна стапка

Најголемата светска економија го надмина негативното влијание од неколкуте урагани и во месеците јули, август и септември порасна повеќе од очекуваното.

Владини податоци покажуваат дека во третиот квартал од годината, американската економија пораснала за 3,3 проценти, што е три десетини од процентот повеќе од првичните очекувања. Официјални лица рутински ја ажурираат економската статистика кога на располагање имаат покомплетни податоци.

Растот на бруто домашниот производ (БДП), делумно е резултат на здравиот пазар на труд, кој ја поттикнува потрошувачката. Растот воедно е потпомогнат од падот на вредноста на американскиот долар и зголемувањето на глобалниот економски раст. И двата фактора го засилуваат извозот на САД.

Директорката на Централната банка на САД, Џенет Јелен, за време на денешното сведочење во Претставничкиот дом, рече дека изгледите за континуиран економски раст и силен пазар на труд се позитивни. Таа исто така најави дека до средината на декември, најверојатно ќе биде зголемена главната каматната стапка, која за време на рецесијата беше намалена близу до нулата.

Одржувањето на стапката на ниско ниво подолг период, носи ризик од повисока стапка на инфлација, која може да и` наштети на економијата. Засега инфлацијата е под стапката од два процента и многу економисти велат дека тоа е добро за економскиот раст на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG